ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.11.2024
За студентскиот стандард во 2025 повеќе средства во буџетот
Автор: Goce Author

Студентскиот стандард во 2025 ќе биде поддржан со 18 % повеќе средства во буџетот, а се планира и зголемување на средствата за студентски оброк.

Ова го најави министерката за образование и наука Весна Јаневска од Штип. Таа престојуваше во посета на Гимназијата „Славчо Стојменски“.

Во буџетот за 2025 година има 30 милиони евра или 18 % повеќе за студентскиот стандард во споредба со 2024. Забележа дека нема дилема за покачување на оваа ставка во буџетот и планирано е зголемувањето на средствата за студентскиот оброк.

-Но, се уште разговараме со студентите, затоа што тие имаат некоја поинаква идеја. Сметаат дека за 140 денари можат да добијат во одредени маркети, одредени ресторани комплетен оброк, а дека би можело да се прошири опсегот, на пример и студенти кои работат „парт тајм“, а се уште непостигнале одредена сума на средства би можеле и тие. Значи до крајот на годината, тоа ние ќе го дефинираме и веднаш ќе се знае во јануари, дали ќе добијат 160 денари студентски оброк или ќе биде проширен опсегот, изјави Јаневска.

За студентскиот стандард нема дилема за потребата од поголема поддршка

Министерката одговори и на новинарско прашање за лошата состојба во Студентскиот дом „Пелагонија“, на која се жалат студентите.

-Мора да има интервенции. Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори. Во најблиска иднина да побараме и поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работат, вели Јаневска.

Министерката за образование и наука Јаневска смета дека проблемот со Домот „Пелагонија“ ќе се реши најдоцна за 2-3 дена

Герила акција „Моето детство е моја приказна“
Кампања за правата на децата на Народниот правобранител