ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.07.2024
Загадување во Македонија-тема на документарец на ARTE.tv

Европскиот културен канал ARTE.tv неодамна го издаде и својот нов документарец посветен на степенот на загадување во Македонија, како една од најзагадените земји во Европа. Сторијата ги опфаќа градовите Велес и Скопје, каде преку приказните на локалното население е прикажана реалната слика на состојбата и хоророт во овие градови.

Дури и после десетина години од инцидентот со топилницата во Велес, граѓаните сѐ уште страдаат од последиците. Скоро секој жител има дијагноза на астма, кардиоваскуларно заболување, алергија. Поразителен е и бројот на жители кои ја изгубиле својата битка со канцер, како и бројните генетски малформации кај новородените. Илјадници жртви  кои го загубиле својот живот се должат токму на ефектите од токсичните материи. И години подоцна , истите перзистираат во воздухот и земјата, а надлежните се слепи и глуви за проблемот.

Скопје, како град што важи за најзагаден во Европа, сѐ уште нема системско решение за проблемот со аерозагадувањето. Напротив, аерозагадувањето не се ни препознава како проблем од наглежните, а граѓаните ги сносат последиците.

Велешани и скопјани веќе губат мотивација за борба со проблемот со загадување.  Со него се соочуват поради нефункционалноста на системот. И покрај ветувањата, решение за загадувањето сѐ уште нема.

Погледнете го целиот документарец и сведоштвата на граѓаните и нивните животни приказни.

Измените на Законот за полиција лоши за безбедноста на жените
Законот за средно повлечен од собраниска процедура