ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.11.2024
Загриженост на лицата со дијабетес, сериозни одлуки веднаш

Во време кога бројот на лица со дијабетес во Македонија е во пораст, Сојузот на дијабетичари на Македонија се соочува со сериозни предизвици во обезбедувањето на инсулин и други лекови за своите пациенти.

Во разговор со Диме Велев, претседател на Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на Северна Македонија, откриваме каква е состојбата на лицата со дијабет, дали државата ги потпомага пациентите и каква стратегија може да очекуваме во иднина.

На прашањето колкави се моменталните залихи на инсулин и други основни лекови за дијабетес во државата, тој одговори дека иако достапноста на инсулинската терапија е редовна, иновативната анти-дијабетична терапија останува тешко достапна, и само третина од пациентите ја добиваат преку државата. Поради ова, многумина се приморани да набавуваат лекови приватно, по високи цени.

Пациентите си дијабетес се соочуваат со големи проблеми во текот на лекувањето

“Многу се сериозни предизвиците, сите губиме и пациентите со здравје и влошено здравје и лоша благосостојба на живеење. Губи и државата многу неконтролирани пари одат на сметка на соседните држави, од каде ние купуваме по пониски цени. Потоа, дел од тие терапии се со сомнителен квалитет. Затоа, апелираме ФЗОСМ и МЗ најитно што е можно да се промени Позитивната листа на лекови преки државата, да може да ни бидат достапни во аптеките”- истакна Велев.

Секојдневното консумирање кафе може да го намали ризикот од дијабетес?

“Ние, сме сериозно посветени на заедничко подобрување на благосостојбата кај лицата со дијабетес и нивните семејства. Бараме сите 2800 лица со ДМ Тип 1 и 2000 ДМ Тип2 со сериозни компликации да добијат беслатен CGMсистем односно сензори, да се зголеми бројот на пациенти со Тип 1 кои ќе добијата инсулинска пумпа.
Секако, подеднакво важно е промената на моделот на достапноста на квалитетни глукомери и ленти. Односно за 35.000 пациенти државјани, да имаат право на сопствен избор нанквалитетен современ глукомер и ленти, со можна рефернтна цена, односно над тоа што државата обезбедила да може да се доплати мала разлика до најсовременото и дигитализирани глукомери. Со квалитетно мерење гликемија имаме гарантиран квалитетен живот.
Државата испорачува оптимизирани сррвиси за не оптоварувачки пациенти. Во овие случи, ние државата ќе ја чиниме целосно околу 1000 евра годишно, наспроти сега со комликации дури и до 6000 евра само на ФЗОМ плус на фирмите, домашните и училишни буџети. Но, пред се губиме вид, бубрези, срцеви заболувања, ампутации…”-образложи Диме Велев.

Национален план 2018 – 2028 има, но, нема никакви решенија

Диме Велев

И покрај добрата соработка со институциите, не се донесуваат одлуките за подобрување на состојбата
“Соработката со Министерството, ФЗОМ, клиниките ни е одлична, водиме сериозни партнерски разговори и активности. Со лекарите и медицинските сестри од клиника и не сме запреле со едукации, работилници.. Но, не се донесуваат одлуките, нема промена во реалниот живот, немаме доволно достапна квалитетна терапија и помагала.”-објасни претседателот на здужението.

“Сојузот е посветен на создавање на Дијабетес култура и сакаме за нас да се донесуваат решенија со нас. Ние сме конструктивен сегмент, заради кои тие постојат. Се интегриравме во светот во Меѓународната дијабетолошка федерација, во асоцојации во Европа за ретинипатија и сл.

Сакаме достоинствен живот, ние испорачуваме резултати по Националнот план за дијабетес 2018 – 2028. Бараме, само сериозни одлуки веднаш.”-додаде Диме Велев.

10 општини подготвени за оптимизација на училиштата
Конференција за социјално претприемништво на Младински сојуз