
Министерството за образование и наука ги известува сите средношколци дека oд 1 октомври започнува аплицирањето за ученички стипендии, за вкупно девет категории и ќе трае до 15 октомври.
Конкурсот за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ и Конкурсот за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ ќе бидат отворени за аплицирање од 3 до 20 октомври.

Сите конкурси се објавени на следниот линк, a заинтересираните ученици кои ги исполнуваат условите може да аплицираат исклучиво електронски преку платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk.
Истовремено, актуелните корисници на студентски стипендии од претходните години, треба да аплицираат за продолжување.
Корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2025 и трае до 30.10.2025 година.
УГД нуди бројни стипендии и ослободувања од партиципација за идните студенти
Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити ( кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со успех од претходните години (го полнува и заверува факултетот) и индекс (од прв запишан семестар до последен заверен семестар) како доказ дека има положено 80%, односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех при студирањето, согласно договорот / решението за доделување на стипендијата.
За било каква информација или прашање обратете се на електронската адреса studentskii.stipendii@mon.gov.mk .