ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.07.2023
Започна електронското аплицирање за упис на УГД
Автор: Goce Author

УГД го започна процесот за запишување на студенти во прва година во академската 2023/24 година. На прес конференција, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ , проф. Д-р Дејан Мираковски ги објави слободните места, како и начинот на аплицирање за место на еден од 12 факултети и три академии на универзитетот.

Проф. Д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД

Заинтересираните за запишување на УГД нема да мора да ги чекјаат уписните рокови (прв од 21 до 24 август, втор на 6 и 7 септември и трет на 18 и 19 септември).  Веќе е активна електронската платформа на веб страната на УГД на која заинтересираните можат да креираат профил и да пополнат апликација за место на студиската програма која ја избрале.  Овде кандидатите потребните документи само ги скенираат и прикачуваат, а оригиналните ги доставуваат на пунктовите во уписните центри.

Ректорот Мираковски најави дека и годинава дел од најдобро рангираните кандидати на факултетите ќе бидат ослободени од партиципација во првата година од студирање.

На УГД има слободни вкупно 3982 места. Од нив за редовни студенти во државна квота се 2236, во квотата со кофинансирање 976 и за вонредни студенти има слободни 770 места. Најголем интерес вообичаено се очекува на Факултетот за медицински науки, каде на некои насоки местата се пополнуваат уште во првиот уписен рок.

Бешлиовска: По 40 медицински сестри месечно заминуваат од јавното здравство
Што ветија победниците на овие избори за младите и студентите?