

Фото: Прв до врв
Најмасовниот планински настан во регионот „Прв до врв“ Водно 2022 ќе се оддржи на 15 мај оваа година, а пријавите се започнати уште денес.
Имено станува збор за настан кој е поделен во пет области и натреварувачите ќе може да изберат помеѓу категориите:
Планинско трчање (Старт: ОУ Кочо Рацин Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека)
Планински велосипедизам и E-Bike или трка со електрични велосипеди(Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка). Времето се мери од летечкиот старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно. Должина на патека: 11,41 км)
Друмски велосипедизам (Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка). Времето се мери од летечкиот старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно. Должина на патека: 11,41 км)
Team-building Summit Run односно трка наменета за тимови од компании (Старт: ОУ Кочо Рацин
– Должина на патека: 4,2 км (ова е најкратката и најстрмната патека).
Д–р Стојменов: „Ништо што е посебно и вредно не е создадено за краток период“
Повеќе информации за должината на патеките и времетраењето на настанот, како и пријавата која се затвора на 8 мај 2022г. може да најдете на линкот : https://prvdovrv.mk/prvdovrv
Доколку поседувате авантуристички и спортски дух, ова е интересна можност за да го поминете неделното утро на поинаков начин.