
Средните училишта од Македонија и годинава можат да се пријавуваат за иновативната активност „Имам став“, организирана од страна на Собранието на РСМ.

Фото: СУГС Гимназија Јосип Броз Тито
Настанот ќе се одржи виртуелно во текот на месеците март и април. Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на поднесување предлог-законот во рамките на Собранието на Република Северна Македонија. Активноста со која раководи Парламентарниот Институт, ги поттикнува учесниците да имаат свој став во врска со актуелните политички теми и ќе имаат можност да ги бранат приложувајќи своиаргументи.Една од најважните цели на оваа активност е да се приближи работата на Собранието и донесувањето закони до младите. Тоа ќе придонесе во развивање на свеста за демократија и поттикнување како и подготовка за општествена и политичка вклученост и критичност. Оваа активност е подготвена по примерот на едукативната активност „My Point of View“ од страна на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација. Учесници на симулацијата,којашто ќе започне на 15.03.2022, се ученици од средно образование, кои се предводени од најмногу тројца ментори-професори. Учеството на „Имам став!“ е колективно, односно учесниците се пријавуваат како група, а не индивидуално.Поради состојбата во земјата врз којашто влијае пандемијата, предизвикана од COVID-19, Парламентарниот Институт реши оваа година симулираните седници да се одржуваат виртуелно, со користење на софтверска платформа за онлајн колаборација.
Едукативната активност „Имам став!“ се одржува од 2019 година.Училиштата што досега се натпреварувале го споделуваат своето искуство и сметаат дека позитивно влијае врз учениците.
Национализмот зема сè поголем замав кај младите: Кој додава масло на огнот?
Препорачливо е училиштата да земат учество и да се вклучат бидејќи младите развиваат свои ставови за актуелни теми од општеството и аргументираат на истите. Со истото се поттикнува и компетитивен карактер, односно училиштата се натпреваруваат помеѓу себе.На финалниот настан учествуваат најдобрите три училишта. Победникот добива пехар доделен од страна на претседателот на Собранието.
Сите учесници добиваат виртуелна обиколка на зградата на Собранието, како и награди и признанија. Пријавувањето е отворено, а рокот за пријавување завршува на 20.02.2022 година.