
Вообичаено се будиме и веднаш посегнуваме по кафе. Но колку е тоа паметно?
Пиењето премногу кофеин може да биде лошо за здравјето. Кофеинот го стимулира централниот нервен систем, предизвикувајќи зголемена будност. Многу луѓе го земаат затоа што доживуваат привремено зголемување на енергијата и мало покачување на расположението.
Околу 80% од светското население консумира производи со кофеин секој ден, вклучително и околу 73% од децата.
“Кафето , според повеќе студии и истражувања, има многу бенефити за здравјето. Потврдено е дека до одреден степен може да го намали ризикот за заболување од тип 2 дијабетес, како и да го намали ризикот од срцеви заболувања. Може да ни помогне во умствената активност и останувањето будни, со што би ја зголемиле на нашата ефективност во работата.
Но, уживањето во овој напиток и сите слични напитоци што содржат кофеин може да премине во зависност. Начинот на кој кафето влијае на секојдневниот живот, а не количината што ја консумираме, е показател на оваа зависност. Реткост е да се пронајде човек на кого денот му поминува без кафе, особено во утринските часови.
Иванка Караѓозова Трчкова
Не се сите еднакво толерантни на кофеин, така симптомите се различни: пореметување во сонот и спиењето, главоболка, забрзано отчукување на срцето, проблеми со подуеноста и стомакот, нервоза и нетрпеливост, психички растројства, проблеми со акни и осипи на кожата. Овие последици од консумацијата на кофеин може да се појават при земање на големо количество напитоци со кофеин, но понекогаш и кај личности кои земаат помалку од максималното препорачано количество.”, вели Иванка Караѓозова Трчкова, нутриционист.
И покрај се, приближно 50% од адолесцентите консумираат енергетски пијалаци и 31% консумираат кофеин на редовна основа. Некои родители ги мешаат енергетските пијалаци со спортски пијалаци, а многу тинејџери погрешно веруваат дека енергетските пијалаци се здрави алтернативи на газираниот сок.
“Повеќето стручни лица не препорачуваат консумирање на повеќе од 4 шолји кафе во текот на 24 часа. Но, доколку пиете помалку од тоа, а сепак страдате од проблематично однесување кога нема да се напиете кафе, веќе станува збор за зависност.
Многу луѓе имаат чувство дека пиењето кафе им е неопходно за “будење“ на мозокот наутро и подобрување на когнитивните перформанси, но оваа теорија научно е недокажана. Точната теорија е дека кога пиеме одредено количество кафе секој ден, телото се навикнува и прагот на толеранција на кофеин се поместува нагоре. Тоа лесно може да се утврди со еден ден пауза од кафе: многу е веројатно дека нема да се чувствуваме добро. Тоа не е бидејќи кафето е важно за концентрацијата, туку телото се “бори“ да се врати во состојба како што било пред зависноста.“, велат експертите.
Кафето, односно кофеинот, посебно влијание има на младите личности кои во денешно време почнуваат уште од многу рана возраст трендовски да консумираат кафе и енергетски пијалаци. Тоа често им го наложува околината кога се излегува во кафулиња со друштво, во тој случај најчесто се пие кафе. За време на вечерните излегувања најчесто се консумира алкохол кој се меша со енергетски пијалаци. Тие пак во себе содржат кофеин колку 4 испиени шолји кафе одеднаш, што е големо оптоварување за срцето.
Многу често мислејќи дека кафето ја подобрува концентрацијата и учењето, младите студенти и средношколци, подготвувајќи тестови и испити, несвесно претеруваат во консумацијата на кофеин, а тоа во комбинација со штетна храна
Photo by Jeff Siepman on Unsplash
Кога ќе ја ограничиме консумацијата многу е веројатно дека ќе се појават симптоми како главоболка, исцрпеност, нервоза и проблеми со концентрацијата, но тоа поминува за неколку денови, штом телото свикне со новите навики. Количеството треба да се намалува постепено а кафето да се замени со друг напиток.”, вели Иванка.
Има некои трикови кои можете да ги примените за да ја избегнете зависноста од кофеин.
“На место пауза за кафе, добро е да се направи пауза за прошетка. Доколку наутро се чувствуваме поспано, подобро е да се направат 10 минутни вежби за расонување. Да се ограничи на една до две шолји дневно кафе, а ноќните журки секако би ги поминале убаво и без додатни енергетски пијалаци. Повеќе физичка активност и здрава исхрана со овошје и зеленчук за еден студент или човек со премногу стрес на работа, ќе направат долгорочно зголемена енергија и елан, како и подобро расположение.”, советува Иванка.