
Авицена Женска трка, во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, оваа година се организира по десети пат за припадничките на женскиот пол. Најголемиот штипски тим беше тимот на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Преку 35 дами од Универзитетот се натпреваруваа во конкуренција на преку 2000 други натпреварувачки. Дождот не ги спречи дамите да ја завршат успешно трката.
Најбрза на Авицена женска трка беше Весна Кираџиева од тимот Левица Спорт, второ место Бојана Наумовска од НРЦ – Најк, Ран Клуб Скопје, а трето место натпреварувачката Вера Урдаревска.
Од тимот на УГД најдобрата позиција ја доби Катерина Гогова, таа заврши 58 позиција. Во продолжение, фотографии од најголемиот штипски тим.



