ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.03.2022
Завршил факултет, а немал основно образование
Автор: Goce Author

Инспекторите при контрола на факултетите во Бања Лука утврдиле дека едно лице нема диплома од основно образование, а притоа завршило факултет.

Фото: Current School News

Осум студенти немале регуларна диплома за средно образование, , изјавиле од медиумот „Независне новине“.

Инспекторите минатата година контролирале повеќе од 100 факултети и констатирале неправилности во 20 факултети.

  • „Во изминатата година, со увид на документацијата и евиденцијата на образовната установа каде што е добиена дипломата, утврдено е дека нема податоци за името на личноста која ја поседува дипломата.“, изјавиле од Инспекторатот.

Кога станува збор за проверка на законитоста за добивање диплома од факултет, контролите се вршат од страна на просветниот инспекторат.

Од инспекторатот рекле дека не се овластени да ја проверуваат автентичноста или веродостојноста на јавните исправи, но имаат право на увид во документацијата и да проверат дали евиденцијата се води уредно.

Од Универзитетот во Бања Лука потврдиле дека сите издадени дипломи се во ред и се е според законот, пренесува медиумот „Независне новине“.

За неправилно водење на евиденцијата во сите образовни институции им се заканува казна до 5.000КМ.

(Видео) Нов трејлер за GTA 6, но играта се одложува до 2026 година
Воспитување на деца – дали новите генерации се преблаги?