Речиси секој студент се нашол во ваква ситуација каде се прашува: „И сега што?“ по завршувањето на факултетот. Многу е лесно да паднете во некаков очај и да не знаете што да правите со себе по завршувањето на факултетот бидејќи студенскиот живот е веќе минато. Пријателите и цимерите со кои што сте поминувале многу време заедно исто така треба да продолжат по нивниот пат, а студенските ноќи се незаборавни нели?
Ние ќе ви кажеме неколку причини како да останете смирени и да продолжите со новото поглавје во животот.
Добрата вест е дека уште сте во раните 20ти години. Верувајте во себе и не се разочарувајте доколку вашата апликација за работа е одбиена. Не се споредувајте со другите. Доколку вашиот цимер ја добил работата од соништата, не е време за разочарување. Тоа не е знак дека сте потфрлиле во животот, туку дека едноставно дека некои луѓе имаат повеќе среќа. Животот не е секогаш фер, а вие допрва ќе го научите тоа.
Факултетот беше предизвик кој што успешно го завршивте нели? Па, време е за нов предизвик. Некој сака да патува и да ги истражува другите култури, а повеќето луѓе кои го прават тоа добиваат одлично искуство и се збогатуваат доживотно. Некои работи само треба да се доживеат за да се научат.
Ако одлучите дека сè уште не сакате да ја работите работата за која ви е предодредена вашата диплома, не значи дека сте потрошиле толку многу пари на образование за да ја добиете. Постојат многу опции на пазарот и вашата диплома може да ви помогне да работите некоја друга работа поврзана со вашата професија.