ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.12.2022
Завршува Ковид пандемијата, тврдат германски експерти
Автор: Goce Author

По тригодишна борба со Ковид-19 пандемијата, со сите карантини и мерки за претпазливост конечно добри вести од експертите, се гледа крајот на Sars-Cov2.

„Зимава доживуваме прв ендемски бран на Sars-Cov2, мое мислење е дека е тоа крај на пандемијата“, изјави  за „Тагесшпигел“ Кристијан Дростен, раководител на Одделот за вирологија во берлинската болница „Шарите“.

Според Дростен, имунитетот на популацијата ќе биде толку поцврст што вирусот од наредното лето нема да може да се пробие. Секако се наведува дека ќе постојат уште многу мутации на Ковид-19, но нема да бидат опасни како досегашните.

Во својот неделен извештај, Институтот Роберт Кох истакна дека други патогени, како што се грипот, односно вирусите на грип и респираторниот синцицијален вирус (РСВ), кој предизвикува респираторни инфекции, сега доминираат кај заразните болести.

Сепак, се уште се применуваат бројни мерки за заштита од корона, кои се пропишани во земјите низ светот.

 

Харвард одбива барања од Трамп – замрзнати им се над 2 милијарди долари федерални средства
Без филозофија ризикуваме да создадеме генерација без аналитичко расудување