
Министерот за здравство Беким Сали на средбата со поглаварите на верските заедници упатија апел до граѓаните за вакцинација против Ковид 19.
На средбата присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Г. г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху, бискупот на Католичката црква Киро Стојанов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви.

Министерот Беким Сали за време на вакцинацијата
„Во време на пандемија, кога секој е погоден од вирусот и кога голем дел од нас изгубија блиски, сакам на овој начин да упатам апел за вакцинација против оваа чума која веќе две години ни го смени начинот на живеење. Убеден сум дека ова е единствениот начин за заштита од ширење на вирусот и затоа вакцинирајте се“, рече министерот Сали.
Поглаварот на МПЦ рече дека црквата уште од почетокот на пандемијата апелирала да се почитуваат мерките и уште еднаш апелира верниците да се заштитат од вирусот со вакцинација.
„Во посланијата за големите верски празници постојано апелиравме да се почитуваат мерките ,затоа што е подобро нешто да се спречи отколку да се лечи“, кажа Г. г. Стефан.
Поглаварот на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху кажа дека тие од почетокот на пандемијата донеле неколку одлуки за заштита од вирусот со оглед на препораките на Светската здравствена организација, Министерството за здравство и во рамките на правилата на исламските регулативи.
„Во сите џамии на секоја петочна џамија апелиравме за почитување на мерките, а имавме наредба да се апелира до верниците да ја сфатат вакцинацијата сериозно“, рече Фетаху.