
Изминатата недела 36 лица се заразиле по вторпат со Ковид 19 во Македонија. Тоа е зголемување за близу 39% во однос на минатата недела. До овој момент се регистрирани вкупно 1.013 ре инфекции (0,5%), од кои двајца пациенти се заразени по трет пат.
Минатата недела се тестирани вкупно 19.943, со зголемување од 8,1% во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.922 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со намалување од 8,0% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 6,9% до 12,4%, просечно 9,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (960; 49,9%), со неделна инциденца – 151,4/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 259,6/100.000.
Најголем број заразени се над 60 години, а најмал број заразени се регистрирани кај лицата од нула до девет години.
Пријавени се 66 смртни случаи во 22 градови во текот на изминатата недела. Бројот на починати е непроменет во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје.
Според ИЈЗ, заклучно со 19 декември, вакцинирани се вкупно 853.314 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство, комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 822.300 лица, а со трета доза се вакцинирани 89.546 лица.