ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.03.2023
Жените кои претрпеле семејно насилство имаат поголем ризик за развивање хронични болести

Безбедноста на жените и семејното насилство, меѓу другото, е и глобален проблем од областа на јавното здравје. Глобалните проценки објавени од Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека околу 1 од 3 (30%) од жените ширум светот доживеале или физичко и/или сексуално насилство од интимен партнер.

На глобално ниво, дури 38% од убиствата на жени се извршени од машки интимен партнер. Насилство врз жените во Македонија  е најчеста форма на кршење на човековите права врз жените и има негативно влијание врз здравјето, предизвикувајќи повреди, смрт, како и психичка траума. Според статистиката, бројот на жртви на семејно насилство во 2018 година изнесувал 919, од кои 665 биле жени, додека во 2021 година нивниот број пораснал на 1608, од кои 1119 биле жени.

Извор: freepik.com

Жените, жртви на семејно насилство имаат два пати поголем ризик за развивање на хронично заболување

Според студија чиј истражувачки тек се одвивал во Нов Зеланд, повеќе од половина (54,7%) од жените доживеале насилство или злоупотреба од интимен партнер во текот на нивниот живот. Ваквата траума го зголемува ризикот за развој на нарушување на менталното здравје речиси три пати и хронично физичко заболување речиси двапати.

Само 4% од бизнисот во Македонија го водат жени – може ли ова да се промени?

Повеќе од 1.400 жени биле вклучени во студијата за семејно насилство во Нов Зеланд од 2019 година, каде биле анкетирани за хронични здравствени проблеми (срцеви заболувања, рак, мозочен удар, дијабетес и астма), како и за состојбите на менталното здравје (депресија, анксиозност или злоупотреба на супстанции).

Исто така ,тие биле прашани и за нивната историја на физичко насилство, сексуално насилство, психичко злоставување, контролирачко однесување и економска злоупотреба од кој било партнер. Покрај физичките и менталните здравствени проблеми, жените кои доживеале некој од овие видови насилство од интимен партнер имале зголемен ризик од лошо општо здравје, неодамнешна болка или непријатност  и неодамнешна здравствени консултации.

(Видео) Новинарките од Балканот сведочат за дискриминација врз нив

Согласно студијата, физичкото и сексуалното насилство ги повредува луѓето, но не само овој вид на насилство е поврзан со зголемени здравствени проблеми. Жените кои доживеале психичко малтретирање, контролирачко однесување и економска злоупотреба, исто така, имале поголем ризик од негативни здравствени исходи.

Една од пет жени доживеале три или повеќе видови на злоупотреби од партнерот

Вообичаено е жените да искусат повеќе видови насилство од интимен партнер. Една од пет жени пријавила дека доживеала три или повеќе видови на злоупотреба на партнерот, а овие жени имале многу поголем ризик од лошо здравје.

Повеќе од една од десет (11%) доживеале четири или повеќе видови на злоупотреба и овие жени имале повеќе од четири пати поголема веројатност да имаат проблеми со ментално здравје и двојно поголем ризик од хронични здравствени проблеми, во споредба со жените кои не доживеале насилство од партнер.

Македонците јадат 2,5 пати повеќе сол од препорачаното
Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?