ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.10.2022
Зимското сметање на времето останува – в недела стрелките час назад
Автор: Goce Author

Зимското сметање на времето сепак останува и оваа година. Според информацијата од Владата, одлуката е донесена по анализи на соодветните институции.

Дали воопшто имаше дилема, колку била издржана анализата што би се добило а што загубило со оставање на летното сметање на времето преку цела година, останува нејасно. Тоа значи, овој викенд , 29-30 октомври(сабота спроти недела) , во 3 часот стрелките на часовникот ќе ги поместиме за еден час наназад, и ќе биде 2 часот.

Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за економија, во врска со изготвената анализа за можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето и согласно сите анализи е заклучено дека ќе се пристапи кон примена на зимското сметање на времето, како што се практикуваше и досега.

Министерство за економија информираше дека проценката е направена во соработка со Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за електронски комуникации, Биро за метрологија, Стопанска комора на Северна Македонија, Управа за хидрометеоролошки работи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет – Скопје. Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија.

Аналогните часовници „мистерија“ за дигиталните генерации

Преминот од летно во зимско сметање на времето започна во 1916 година во земјите од северна Европа. Главната причина била да се заштеди енергија.

Оваа временска пресметка трае до последниот викенд во март, кога следи летното сметање на времето.

Д-р Мирела Василева: „Медицината не признава површност“
(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста