ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.10.2023
Златен велосипед за само 408.000 $
Автор: Goce Author

Златен велосипед по цена од 408.000 долари може да се купи во Дубаи, град познат по позлатени суперавотмобили, позлатени згради…

Меѓународниот саем за часовници и накит на Блискиот Исток беше домаќин на повеќе од 500 домашни и меѓународни брендови од целиот свет. Дубаи е познат по предметите обложени со злато, позлатените суперавтомобили, позлатените згради. Годинава на листата е додаден и златен велосипед.

Компанијата „Al Romaizan Gold and Jewellery“ со седиште во Саудиска Арабија, на 52. саем за часовници и накит, претстави златен велосипед вреден 408.000 долари.

Во Дубаи, град познат по сјајот и луксузот, златниот велосипед привлече големо внимание. Декориран е со вистински листови од 24 каратно злато.

„Тоа е неспоредлива можност за сите таленти да ги покажат своите најнови креации и иновации пред повеќе од десет илјади посетители секоја година на овој настан. Повеќето од нив бараат најексклузивни златни дизајни, накит, луксузни часовници и современи модни линии од целиот свет“, изјави Саиф Мохамед Ал Мидфа, извршен директор на Експо центарот.

Како што истакна Мохамед Абаси, директорот на дигиталната компанија „Ал Ромаизан“, проектот за изработка на златниот велосипед траел околу шест месеци, а во тимот учествувале 20 луѓе.

Златниот велосипед не е изложба и веќе е достапен на пазарот во Дубаи.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието