ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.11.2024
ЗНМ за итно решавање на процесите за насилство против новинарите
Автор: Goce Author

ЗНМ бара итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство, реформи во регулативата за слеп тужбите и сериозен одговор од МВР и ОЈО на вербалното насилство што се случува сѐ почесто преку онлајн платформите. Ова  го објави  Здружението на новинарите на Македонија на прес конференција. Повод – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите – 2 ноември.

На денешната прес-конференција на ЗНМ што се одржа во Клубот на новинари се дискутираше за заштитата на новинарите и казнивоста на заканите и нападите врз нив.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека оваа година се регистрирани четири посериозни прекршувања на правата на новинарите, заедно со бројни онлајн закани и осум слеп тужби.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, нагласи дека секоја физичка закана кон новинари треба да биде сериозно обработена од страна на МВР и другите истражни органи.

Меѓународните и домашни новинарски организации предупредуваат за состојбата со медиумите во Македонија

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, потврди дека обвинителството ги презема сите мерки за расчистување на случаите и рече дека ја осудува секоја форма на притисок кон новинарите.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски, истакна дека има многу простор за работа во делот со безбедноста на новинарите. Според него, најнебезбедни услови за работа има во онлајн медиумите

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?