
Zoom, компанијата што ја започна револуцијата за работа на далечина за време на пандемијата, им кажува на своите вработени да се вратат во канцеларијата.
Во соопштението, менаџментот на Зум рече дека сега спроведува „структуриран хибриден пристап“. Тоа значи дека вработените кои живеат во близина на канцеларијата „треба да бидат на лице место два дена во неделата“, бидејќи тоа е „најефикасно“ за услугата за видео-конференции.
„Како компанија, ние сме подобро позиционирани да ги користиме нашите сопствени технологии, да продолжиме да иновираме и да ги поддржуваме нашите глобални клиенти. Ќе продолжиме да ја користиме целата платформа Zoom за да ги задржиме нашите вработени и дисперзираните тимови поврзани и да работат ефикасно“, велат од компанијата.
Настрана иронијата, Zoom не е единствената компанија која го започна трендот back-to-office што ги опфаќа технолошките компании. Во последниве месеци, Google, Amazon и Salesforce донесоа слични упатства. Со тоа ставаат крај на пристапот од ерата на Ковид кој им даде поголема слобода за работат од дома. Сепак, бизнисите се соочија со одредено одбивање на вработените бидејќи работниците се навикнаа на поголема флексибилност.
Дури и Белата куќа се бори со работа на далечина. Минатата недела, од владините агенции беше побарано да ги враќаат работниците почесто во канцеларијата во наредните месеци.
Photo by Gabriel Benois on Unsplash
„Зум“ имаше одредени потешкотии бидејќи побарувачката опаѓа по напливот предизвикан од пандемијата. Тие во февруари отпуштија околу 15 отсто од својот персонал, што изнесува околу 1.300 вработени, откако пребрзо пораснаа. Членовите на извршниот лидерски тим, исто така, ги намалија основните плати за 20 проценти за следната фискална годин. Тие ги загубија и бонусите за фискалната 2023 година.
Kaj повеќето компании, услугата за видео конференции ги дефинираше раните денови на пандемијата. Многумина се свртеа кон нејзината платформа за видео разговор со пријателите и колегите за време на заклучувањето. До средината на 2020 година, Зум објави вртоглаво зголемен приход, поттикнат од зголемувањето на деловните корисници од многу компании принудени да се префрлат на работа на далечина.
Акциите на компанијата пораснаа за околу четири отсто за една година.