ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.09.2022
Зошто цените на основните продукти енормно растат?

Во последно време, социјалните мрежи вријат од жалби на многу луѓе кои реагираат за наглото поскапување на продуктите. Дали ова е случај само кај нас или пак станува збор за глобален тренд?

Глобалната криза и поскапувањето на производите датира уште од 2020г. кога пандемијата беше причина да се затворат многу бизниси. Потоа во 2021г., Бразил кој е најголемиот производител на соја, беше погоден од суша, што придонесе за поголема цена на производите и недостаток на основни суровини. Сепак, пикот најмногу се осети во февруари и март, со Руско-Украинската инвазија. Русија и Украина, одговорни за една третина од светските резерви на жито и јачмен и две третини од сончогледово масло допринесоа многу во покачување на цените. Под страв и притисок од поголеми проблеми многу од државите го забранија и извозот, за да ги зачуваат резервите, а тоа придонесе за дополнителен недостаток на основни продукти и суровини.

Помеѓу мај 2020 година и февруари 2022 година, индексот на цените на храната на ФАО порасна за 55,2%, предводен од порастот на цените на маслата за јадење за 159,4%, проследен со силен раст на цените на шеќерот, млечните производи и житарките.

Поскапи ѓубрива – помалку и поскапа храна?

Една од клучните причини за зголемувањето на цените на храната се повисоките трошоци за ѓубрива. Ѓубривата се суштинска состојка во процесот на производство на храна и цените на главните ѓубрива нагло се зголемуваат. За ѓубривата базирани на азот, главната причина за високите цени е зголемената цена на природниот гас – уште една клучна компонента во производството на храна. Просечната месечна цена на природниот гас, како што е наведено од Индексот на природен гас на Светска банка, се зголеми за речиси 600% помеѓу јуни 2020 година и декември 2021 година. Зголемените цени на транспортот исто така направија дополнителни проблеми. Ограничувањата на извозот се одразија и на ѓубривата. На пример, Кина, која е еден од водечките светски извозници на фосфати, стави ограничувања на својот извоз во 2021 година, во услови на мали домашни залихи.

(Аудио)На што се должи поскапувањето на струјата?

Земјите во развој најмногу се погодени од кризата

Најголемиот дел од заработката, земјите во развој ја трошат на храна. Сега, кога стапката на инфлација се смета за најголема од 1981г., цените на храната рапидно скокнаа. Домаќинствата со ниски приходи трошат повеќе на храна што најмногу поскапела. На пример, основната храна, како што се житариците и лебот, сочинуваат поголем удел во исхраната на сиромашните домаќинства – од кои сите забележаа силен раст на цените. Економиите во развој обично имаат поголем удел на храна во нивните севкупни потрошувачки кошници и оттука и во нивниот Индекс на потрошувачки цени (CPI), во споредба со напредните економии.

На пример, храната и пијалаците сочинуваат 54% од потрошувачката во Етиопија и 50,7% во Нигерија, во споредба со само 11,6% во Обединетото Кралство. Потрошувачите во овие земји веројатно ќе се соочат со поголем удар, од зголемената инфлација на храната. Исто така се зголемија цените на клучни продукти кои, според индексите на ФАО, граѓаните нема да можат лесно да ги заменат со продукти кои имаат пониска цена. Резултатот може да биде ослабено трошење, особено за домаќинствата со ниски приходи.

Најголемата нуклеарна сила во Европа – Франција има проблем со своите нуклеарни централи

Високите цени на горивото само ги влошува работите

Глобалното затоплување и промената на климата, не гарантира подобрување во брзо време. Експертите сметаат дека без обновување на украинската почва и продукцијата на жито, зимата ќе биде тешка. Во 2023г. се очекува пад на цените, но само ако се зголеми производството на житни култури во  Бразил, Америка и Аргентина.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање