Сите ние се почесто слушаме дека некој продукт е добар за околината, дека е „environmentally friendly“, дека ако го купиме го спасуваме светот и животната средина и дека ако го користиме баш тој продукт ние влијаеме на некаква глобална промена. Науката во последните 10 години вели дека е баш така. Опседнатоста со тоа да го спасиме светот преку нашите индивидуални избори за кое чоколадо да го купиме, креираше цела маркетинг индустрија која се нарекува „Зелен маркетинг“ или „Зелено перење“.
Целта на овој маркетинг, како и на секој друг, е тоа да дизајнира специфични наративи за да ги „измами“ потрошувачите да купат одреден производ.
Десетгодишни студии покажуваат дека компаниите кои се рекламираат дека со купување на нивниот производ придонесуваме за заштита на животната средина, се всушност компаниите кои прават огормни штети на истата таа животна средина. Повеќе во видеото.