ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.03.2026
Зошто младите ги поттиснуваат своите емоции?

Свесноста и практикувањето на методологии за справување со стрес и поттиснатите емоции, е чекор напред кон превенција на менталното здравје кај младите.

Студентите на медицина во Штип денес имаа можност да бидат дел од отворената јавна трибина насловена „Зошто си толку зафатен, а не среќен?“, во организација на студентската организација СОМА.

Предавач на овој настан беше Теодора Костовска, национален координатор на Art of Living Foundation Macedonia и SKY Campus Happiness, која покрена многу прашања во однос на емоционалната интелигенција, потиснувањето на емоциите и справувањето со стресот кај младите и студентите.

 

Идејата зад оваа тема е стара неколку години и Костовска се труди што повеќе да ја прошири меѓу младите. Нејзината цел е превенција, а не лечење на последиците кои потекнуваат од отсуство на говорење на овие теми. Акцентот таа го става на важноста на превенција на менталното здравје кај младите луѓе, кое според неа, е особено нагризано кај нив.

Според Михајло Мирасчиев, претседател на СОМА, студентите одлучиле да организираат ваков настан тргнувајќи од сопственото искуство. Преплавеноста со обврски, поттиснувањето на емоциите и постојаната трка со времето, била мотив за да се зборува на оваа тема.

Менталното здравје и социјалните мрежи – ризик и опасност

Потиснатите емоции не треба да се игнорираат

„Доменот на емоционалната интелигенција се развива исто и како рационалната. За жал, ние сѐ уште живееме во некое време каде, иако сега веќе се менуваат некои работи, сепак сѐ уште се посветува повеќе внимание на рационалната интелигенција, а тоа е нешто што го имате како материјал или матрица по која се водите.

Емоционалната интелигенција ви покажува како да препознаете емоција во зародиш, како правилно да ја детерминирате и како правилно да се справите со неа. Ние во пракса имаме поттиснување на емоции и тоа е патолошки процес.“, вели Костовска.

Поттиснувањето на емоциите и „собирањето во себе“, Костовска го поврзува со незнаењето за начин или решение за справување со емоциите. Таквото игнорирање на долг рок, според неа, е причина за појава на внатрешни емоционални конфликти кои водат до штетни последици

„Сѐ што ни се случува телото меморизира и памети. Кардиоваскуларните заболувања, миокардните инфаркти, мозочните удари, ако порано се јавувале над 50 години, сега таа граница е поместена и се случуваат на 30. Тоа е последица од незнањето како со себе.“, вели Костовска.

Секое второ девојче и секое петто момче на 15 години имаат депресивно расположение – алармантни податоци од ХЕРА

Решението, таа не го гледа по секоја цена во посегнување по терапија и лекови. Медикаментозниот третман, според Костовска е нешто што делува краткотрајно, но не е решение на подолг рок. Зборувањето на оваа тема, едукацијата , свесноста и практикувањето на методологии за справување со стрес и поттиснатите емоции, е чекор напред кон превенција на менталното здравје кај младите.

Луѓе со над 10.000 следбеници државата ќе ги гледа како „медиум“ – се отвора дијалог за измените во законот
Сајбер измамите се во пораст: како граѓаните да ги заштитат своите податоци