Секогаш се веселиме кога пред нас пее некој Македонски музичар,но се помалку музичари гледаме на македонската сцена. Денеска разговараме со Тони Апостоловиќ – музичар повеќе од 30 години на македонската сцена и Марјан Наковски, кој што ја сака музиката од мали нозе, а веќе една година е дел од групата „Acoustic Trio.“
Иако во различна доба ја започнале својата музичка кариера и двајцата делат исто мислење дека голем дел од македонските артисти не се познати за публиката и дека тоа се должи на неорганизираноста на Македонската естрада и самопромоцијата на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
За Тони музиката е примарна работа и вели дека иако потекнува од музичко семејство, никогаш не очекувал дека еден ден ќе има свои песни. Марјан пак, започнува да плива во музичките води и засега музиката му е само хоби.
„Со музика почнав да се занимавам уште од првите училишни денови во моето О.У. Браќа Рибар каде што свирев гитара во училишниот оркестар. По две години се приклучив во училишниот хор. Чувството е неповторливо и исполнето со измешани емоции, а одговорноста и трема ја знаат само оние кои што се занимаваат со музика.“ вели Тони.
View this post on Instagram
„За тоа што свирам гитара и пеам главни „виновници“ се музичките спотови кои ги гледав како мал. Од секогаш ме привлекуваше свирење на гитара, па започнав со часови. Во средното училиште формиравме бенд каде што го усовршував свирењето преку настаните на кои што настапувавме. Денеска сум гитарист во групата „Acoustic Trio“, а пред две години започнав и со пеење. Во средношколските денови сфатив дека музиката ме исполнува… , вели Марјан.
И двајцата артисти се самопромовираат на социјалните мрежи. Тони од неодамна е достапен на Инстаграм,а има свој YouTube канал каде што може да се слушнат неговите песни. Марјан вели дека засега функционираат само на нивните приватни профили.
Иако започнале да се занимаваат со музика во различно време, сепак повторно се согласуваат во следното:
Сепак знаеме дека голем дел од младите поминуваат многу време на социјалните мрежи, па познатите песни многу често може да ги сретнеме во нивните лични видеа. Токму затоа многу млади артисти во Македонија се исплашени од идејата да започнат да чекорат во оваа професија.
Како што вели Марјан:
„За младите бендови промоцијата е многу важна. Во музиката нема правила, па песна која што сме ја направиле без многу труд може да биде прифатена од публиката подобро од песна во која што сме вложиле многу труд. Сепак многу важен детал се социјалните мрежи. Mладите минуваат многу време на своите телефони и секогаш сакаат да видат нешто што е интересно и ново. Сметам дека е потребно да има повеќе настани за младите музичари да можат да го покажат својот талент. Така ќе бидат мотивирани да се занимаваат со тоа што го сакаат.“
Тони се сеќава дека неговиот официјален настап бил на скопскиот Рок фест во далечната 1986г каде што освоил трето место со бендот „Талични Том“. Денеска позади него стојат авторски песни, а годинава ќе одбележи 20 години од соло кариерата под псевдонимот „Тони Шоу“.
Музиката е дел од сите нас, а младите често формираат локални бендови за да можат да ја изразат својата љубов кон музиката. Ова ни покажува колку е потребно да се вложи во музиката и македонските музичари за истите да бидат мотивирани исто толку колку што се квалитетни.