ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.01.2022
Зошто позитивните мисли се важни?

Преку следниот цитат ќе сфатите зошто се важни позитивните мисли за сите нас.

Вашиот ум расте со цвеќиња или плевел, а тоа зависи од вашите мисли кои ги засадувате во градината на вашиот живот. – Brian Tracy, мотивациски говорник.

 

Факт е дека секој од нас има нешто кое е помалку квалитетно и дека во некој период од животот стравува од тоа. Наместо да се фокусираме на сожалување, треба да ја зголемиме свеста и да се потрудиме да го подобриме тој квалитет. Тоа се постигнува со мислење.


Жарко Костиќ: Можеби не е лесно, но барем да го направиме да биде интересно


Самите сме креатори на својата судбина и самите може да ги смениме нашите мисли, па да започнеме да гледаме од позитивна перспектива.

Три негативни особини кои треба да се елиминираат:

  • Живеење во минатото
  • Потребата да се биде секогаш во право
  • Премногу грижи

Ајде да ги разгледаме подетално

  1. Живеење во минатото

Бидете спремни да раскинете со своето минато. Живеењето во минатото ви го краде сегашниот момент. За жал, повеќе ги памтиме негативните работи кои ни се случиле и знаеме често да се враќаме назад, па дури и да „заглавиме“ во депресија и анксиозност. Фокусот на „ова и овде“ прави чуда за вашата ментална состојба.

Ако се лизнете и паднете онаму кај што најмалку сте очекувале, не се обесхрабрувајте. „Јас сум овде и ќе го надминам ова“,  е многу подобро од „Јас паднав.“

Бидете присутни во создавањето на моменти во сегашноста.


Со методот „SMART“ до успешна 2022 година


  1. Потребата да се биде секогаш во право

Ослободете се од оваа потреба. Сите познаваме некоја личност која што секогаш е во право. И сите знаеме дека понекогаш и ние знаеме да бидеме „таа личност.“

Потребата да се биде секогаш во право некогаш има висока цена. Може да создадете слика дека сте дрска, арогантна и непријатна личност која не сакаат луѓето да ја имат во близина. Оние кои секогаш се во право, никогаш немаат можност да научат нешто ново и тоа ги отсекува од можностите. Запрашајте сe’ дали сакате да бидете секогаш во право или да бидете повеќе среќни. Доколку ја одберете среќата, тогаш функционирате со отворен и толерантен ум.

Мојот пат не е единствен пат.

  1. Премногу грижи

Пробајте да не се грижите за се околу вас. Грижата е инхерентно негативна и лошо влијае врз благосостојбата.

Многу здравствени проблеми се поврзуваат со стресот предизвикан од премногу грижи. Кога работите ќе тргнат наопаку, наместо да се грижите зошто е тоа така, пробајте да размислувате како да ги исправите и да ги насочите во правилен правец. Не секогаш може да ја смените ситуацијата, ама може да ја смените перцепцијата на гледање на истата.  Направете план за управување со вашиот стрес.

Кога гледате кон нешто што сакате да го промените и размислувате како да го направите тоа, тогаш вие пристапувате кон вашето „повисоко јас.“


Како да останете организирани иако имате премногу обврски? 


Затоа секогаш запаметете дека вие:

  • Ги контролирате вашите мисли.
  • Jа имате моќта да ги фокусирате вашите мисли каде сакате.
  • Избирате како мислите ќе влијаат врз вас.

Доколку разберете како функционира вашата свест, тогаш ќе живеете среќен живот. Никогаш не е доцна да се направи промена за подобро утре.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?