Град е назив за врнежи во облик на топчиња мраз, но зошто врне град? Ваквиот вид врнежи нанесува големи штети и се смета за временска непогода.

Photo by Pavel Neznanov on Unsplash
Како настанува градот?
Силните воздушни струи ги влечат водените капки од облаците (кумулонимбуси) во повисоките слоеви каде температурата е пониска. Таму овие капки замрзнуваат и добиваат облик на топче, односно се претвораат во град. Кога влезното струење што ги понело тие капки веќе нема да може да ја одржи нивната тежина, замрзнатите топчиња паѓаат на земјата.
Најчесто овие замрзнати топчиња не се поголеми од 5 мм, но се случува да бидат и поголеми.
Делови од Македонија и Охрид ги зафати невреме со град вчера. Гоце.мк објави и видео.
Катастрофи предизвикани од град во минатото
- Летото 2001 година во италијанската област Венето паѓал град со големина на кајсија и ги уништил посевите.
- На границата меѓу САД и Канада во 1998 година паѓал град цели девет денa, поради што повеќе од еден милион луѓе останале без електрична енергија и храна.
- Град со најголеми димензии паднал во Бангладеш во 1986 година при што тежината на пооделни топчиња мраз изнесувала дури и еден килограм. За време на оваа непогода загинале 92 луѓе.
Зошто секој лифт има огледала?
- Во Ориент, Ајова, САД, во август 1980 година, паднале големи количини град, при што длабочината на наносите изнесувала и до 2 метри, поради што морале да се расчистуваат со машини.
- На 11 јули 1990 година, град со големина на бејзбол топче во градот Денвер, Колорадо, предизвикал материјална штета од 625 милиони долари, главно кај автомобили и покриви на куќи. Четириесет и седум лица во еден забавен парк биле сериозно повредени кога прекинот на струјата ги заробил додека се наоѓале на големо тркало (Ferris wheel) и биле погодени од град со големина на безјбол топче.
Во последните неколку дена, во Македонија имаше краткотрајни врнежи од град, што предизвика штета во земјоделските посеви. Немаше посериозни материјални штети, но дел од патиштата беа за кратко време блокирани од наносите од град.
Појавите на град во нашата земја ги има секоја година и тоа најчести се во месеците мај и јуни и предизвикуваат значителни штети, кои секогаш се ограничени на помали површини.
Можеби ќе ве интересира