Седумгодишниот Рајан Монтгомери бил мета на малтретирање во своето училиште. Ова мало момченце не дозволило тоа да влијае на него и да го демотивира во било што, туку токму напротив, тој почнал да снима мотивациски видео записи за да им помогне да другите кои поминуваат низ истиот проблем.
„Разговаравме за тоа како да се прифатиме самите себеси и како не е важно што останатите мислат за нас.
Важно е да се биде свој и тоа тој го сфатил. Почнал да снима видеа после тие наши разговори“, вели неговата мајка, Мишел Монтгомери.
Во едно од своите видеа, Рајан говори за тоа како „сите се добри на свој начин“.
„Луѓето се различни, различна големина, различни бои. Секој може да биде свој“, вели Рајан во едно од неговите видеа.