ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.09.2021
Дали во Македонија има можности за заработка од Јутуб?

YouTube е една од најкористените социјални мрежи која нуди една поинаква содржина. Од музика и филмови па се до видеа со забавна или едукативна тематика, YouTube служи и како платформа од која може да се заработува.

Сме слушнале за познатите Јутубери како PewDiePie за кој има податоци дека заработува дури 56 милиони долари годишно снимајќи гејмплеј видеа и видеа со хумористична содржина. Ова изгледа како навистина забавна работа со доста добра заработка. Па оттука се прашуваме како може да се стане Јутубер и дали воопшто има услови за тоа во Македонија?

Еден од Јутуберите во Македонија е и Петар Тодев кој го води својот канал OnlyPetar уште од својата 17 годишна возраст. Петар е од Штип, а октри детали за неговите почетоци и инспирација.

“Најпрво почнав да снимам гејмплеј видеа каде што не си го покажував лицето, бидејќи владееше она балканското во мене “што би рекле другите”, но потоа сфатив дека не ме интересираат туѓите мислења, па така почнав да снимам една поинаква содржина со која го изградив и каналот ОнлиПетар. Стримовите на популарни игри беа хит помеѓу помалите, а потоа се посветив и на едукативна содржина каде што снимав историски видеа и интересни факти за нашата татковина. Инспирацијата ја добив од српскиот јутубер Муџа, па си помислив доколку тој може, можам и јас.”

Заработката преку YouTube е главно прашање што многумина си го поставуваат.

“Може да се заработува од снимање видеа, но само доколку имаш доволно спонзори што не е случај кај нас. Можам слободно да кажам дека во Македонија не може да се заработува од YouTube.Овде за успех се смета доколку достигнеш до 1000 субскрајбери и тоа со години снимање видеа и вложување труд, што навистина е смешна бројка.”

Во последните неколку месеци, Петар сѐ поретко снима видеа на YouTube, но останува надежтта дека повторно ќе се врати на својот канал. Иако заработката не е присутна, сепак Петар вели дека има зошто да се врати на снимањето.

“Најголем поттик ми беа моите фанови и публиката. Ме мотивираше сознанието дека некој очекува видео од ОнлиПетар и тоа е она што ме водеше напред. Сепак мојата најголема поддршка беше мојот покоен дедо со кого снимав и многу од видеата. Тие ќе останат вечен спомен од ОнлиДедо, па можеби и мотивација за да се вратам со уште подобра содржина на каналот.”

Доколку сакате да погледнете нешто повеќе од видеата кои Петар ги објавува, посетете го неговиот канал и изберете си нешто од разновидните содржини .

Д-р. Горан Андонов: „Нема безбедна работа без сериозна заштита”
Правната клиника во Штип: Бесплатна правна помош за граѓаните и можност за студентите да учат преку пракса