ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.07.2021
Заради шега од 1998, отпуштен режисерот на церемонијата на отворање на ЛОИ Токио

На помалку од 24 часа пред церемонијата на свечено отворање на Олимписките игри во Токио, организаторите го отпуштија режисерот на церемонијата на отворањето, Кентер Кобајаши, поради шега за холокаустот што ја кажал за време на еден настап во 1998 година.

Кобајаши е веќе четвртата личност од Организацискиот комитет која е отпуштена или поднела оставка заради непримерно однесување.

Шефот на Олимписките игри Токио 2020 Јоширо Мори поднесе оставка во февруари по сексистички коментари,  оставка поднесе и  креативниот директор на церемонијата на отворање и затвпорање н игрите Хироши Сасаки, поради навредлива забелешка на јапонска актерка, а пред неколку дена јапонскиот композитор Киго Ојамада, кој ја правеше музиката за отворањето на Игрите, поднесе оставка по обвинувањата дека како дете малтретирал соученици, меѓу нив и деца со попреченост.

Кобајаши беше отпуштен откако беше откриено дека во 1998 година, за време на настапот во хумористична емсија рекол: „Ајде да си играме холокауст“

„Откривме дека господинот Кобајаши во својот настап искористил  фраза во својот говор со која ја исмејува историската трагедија. Длабоко се извинуваме што предизвикавме вакви случувања ден пред церемонијата на отворање и што предизвикавме проблеми и проблеми на многу инволвирани страни, како и на луѓето во Токио и остатокот од земјата. “рече претседателот на Организацискиот одбор Сеико Хашимото.

Кобајаши се извини, велејќи дека скечот кој тогаш го  напишал имал несоодветна, непримерна содржина.

Центарот „Симон Визентал“ ги осуди антисемитските шеги, како и извештаите за насилство врз лица со попреченост.

 

“Секоја личност, без оглед на тоа колку  е креативна, нема право да ги исмева жртвите на нацистичкиот геноцид. Секое поврзување на оваа личност со Олимписките игри во Токио би го навредило сеќавањето на шест милиони Евреи кои загинаа во холокаустот”, рече рабинот Абрахам Купер .

Церемонијата на отворање на Олимписките игри е закажана за во петок во 13 часот  без присуство на публика и со ограничен број официјални лица и медиуми.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието