Веќе ни е добро позната ситуацијата каде што младите, особено студентите, заминуваат да работат во друга држава за време на распуст. Ива Трајковиќ која е студент на медицина ни открива зошто.
“Искрено најголемата причина за моето заминување во друга држава за работа е платата. Ако останев во Македонија колку и да работев немаше да заработам толку колку што заработив тука. Со оглед на ситуацијата со Ковид-19 ми звучеше како одлична шанса за ново искуство и запознавање на нови луѓе. Притоа се стекнува и работно искуство кое што подоцна во животот е многу потребно”, вели Ива.
Таа ја нашла оваа работа преку оглас. Како студентка сака да се осамостои и да не зависи 100% од своите родители.
“Условите за живеење се сосема нормални за 3 месеци. Доброто е што се запознава нова околина и култура , се стекнува добро искуство. Но една негативна страна е тоа што нема многу време за шетање бидејќи постојано сме зафатени со работа”.
Ива работи во ресторан во Хрватска, и вели дека ова искуство би требало да го проба секој млад човек.