Насловот е малку општ но, дали СИТЕ го користат Google Chrome прелистувачот и не е толку важно, важно е дека е еден од нај користените. Секако дека има и други прелистувачи на интернет како: Safari, Edge, Opera, Mozilla… и некои други помали. Сите наведени си ја вршат работата до некаде, но Chrome го користат околу 70% од десктоп корисниците иако не е инсталиран со Windows пакетот. Зошто?
За да ја сфатиме популарноста на Chrome, треба да ги видиме почетоците на алатката. Во 2008 година кога Chrome се појави првпат, конкурентот Internet Explorer (IE) веќе го владееше пазарот и плус беше дел од основната инсталација на Windows. Стариот добар IE имаше лоша репутација и беше често критикуван заради стабилноста (честите „паѓања“), како и поради тоа што беше доста бавен.
Mozilla Firefox почнуваше да расте во популарност. Иако беше постабилен од IE, Firefox често знаеше да замрзне и да не ги прикажува т.н. динамички страни, кои се појавуваа се повеќе и повеќе во раните 2000.
Google сфати дека прелистувачите можат да ја играат улогата на програми базирани на веб (web based programs), како што се Google Maps или Dropbox. Па затоа го направи Google Chrome претражувачот кој беше одговор на сите барања на модерниот начин на користење на интернетот.
Една од тогаш новите работи кај Chrome беше Sandboxing опцијата што значеше дека секоја страница си беше отворена во посебен оддел или Tab. Ова го прави прелистувачот побрз и постабилен. Тоа значеше дека известувањата како „Internet Explorer has stopped working“ беа минато.
Филозофијата на Chrome беше во тоа што требаше да и се допадне и на програмерите (developers) за разните веб страници и online програми – за овие да се вклучат во решавање на проблемите со Chrome.
Chrome со новата стратегија пред јавноста стануваше се попопуларен и за брзо време стана една од најкористените алатки за интернет пребарување, мрежно играње, прегледување видеа и слично.
Chrome во 2010 год. имаше само 10% од пазарот, но до 2015 год. се здоби со толку корисници како сите други претражувачи заедно.
Секако на толку многу користење и интеграции во разни други системи, Chrome заслужи и многу негативна критика за неговата заштита на приватноста на секој од корисниците. Токму затоа што Chrome е интегриран насекаде, иако критиките не запираат, не личи дека Chrome ќе стивне наскоро – напротив тој станува се поинтегриран и по користен од компаниите и јавноста.