Starlink сателитите се најновиот проект на Елон Маск кој има за цел да продаде интернет конекции на скоро секој на планетата преку зголемена мрежа на приватни сателити кои орбитираат над нас. По неколку години развој во SpaceX – и по обезбедувањето скоро 885,5 милиони американски долари како грант средства од Федералната комисија за комуникации, на крајот на 2020 година -се чини дека напредокот на Старлинк ќе се забрза во 2021 година. Во јануари 2020г., по успешните лансирања во период од околу три години, проектот надмина 1.000 сателити испорачани во орбита – во јуни, SpaceX рече дека бројот е околу 1.800. Во февруари 2021, компанијата на Маск откри дека Starlink опслужува повеќе од 10.000 клиенти. Сега, по проширувањето на нарачките за уште повеќе потенцијални клиенти, Маск вели дека Starlink испратил повеќе од 100.000 сателитски интернет терминали за клиенти во 14 земји. Во септември, Маск твитна дека Starlink ќе ја напушти својата почетна бета фаза во октомври, што покажува дека услугата продолжува да се зголемува и да се шири.
Целта на Старлинк е да продава пристап до интернет-особено на луѓе во руралните области и други делови од светот кои немаат пристап до брз широкопојасен интернет. Сѐ што треба да се направи за да се добие конекција, е да се постави мала сателитска антена во вашиот дом за да го примите сигналот и да го пренесете пропусниот опсег на вашиот рутер. Постои и апликација Starlink за Android и iOS која служи за да им помогне на клиентите да ја изберат најдобрата локација и позиција за нивните примачи. Услугата на Старлинк е достапна само во одредени региони во САД, Канада и во странство во овој момент, но Старлинк се надева дека ќе ја покрие целата планета со употреблив сигнал за Wi-Fi со голема брзина.
Цената на услугата се наплатува по 99 долари месечно, плус даноци и такси, но вклучувајќи го и првичното плаќање од 500 американски долари за монтажна сателитска антена и рутер што ќе треба да ги инсталирате дома. Старлинк вели дека прима нарачки од клиенти по принципот „прв дојден, прв услужен“ и дека за некои нарачки може да се чека дури и шест месеци за да се исполнат.
Повеќе информации за Старлинк може да прочитате на: https://www.cnet.com/features/how-spacex-starlink-broadband-service-will-envelop-earth-transform-the-sky/
Извор: https://www.cnet.com/home/internet/starlink-satellite-internet-explained/