ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.08.2021
Магичен одмор со вашиот партнер – три најубави острови во Грција кои вреди да се посетат

Планирате одмор со вашата сакана личност, но не може да се одлучите за дестинација? Ние сме тука за вас. Со неверојатно вкусна храна, прекрасни плажи и неповторлива природа, грчките острови се правилен избор за романтичен одмор.

Ова се нашите предлог острови за одмор:

  • Остров Крф

Прекрасниот остров со уникатна архитектура, планински пејсаж, зелени долини и долги песочни плажи е идилична дестинација за одмор. Преполн со продавници и кафулиња, сведочи за своето минато изразено преку неговата архитектура. Може да ја посетите и веницијанската тврдина The Palaio Frourio изградена во XV век од која што имате неверојатно прекрасна глетка кон градот. Покрај сите убавини, ги има и прекрасните плажи. Спојот на тиркизната вода и песочните плажи ќе ви го даде беспрекорното совршенство по кое копнеете цела година.

  • Остров Санторини

Санторини ќе ве освои со преубавата архитекура и уникатноста на сино – белите куќи. Иако, ретко кога останува со малку туристи, секоја уличка во овој остров си има своја приказна. Карактеристично за ова место се многуте скалила кои лесно се симнуваат, ама потешко се качуваат и уникатните куќи. Ако сте љубители на историјата, може да го посетите музејот на Праисториската Тера. Главниот град Фира е идеално место за ноќен живот со многу дискотеки, барови и ресторани. Ако се одлучите за овој остров, никако не пропуштајте да уживате во крстарење по вулканските острови и топлите извори. И секако, да не ги заборавиме прекрасните плажи кои се лесно достапни, а во некои од нив може да пробате спортови на вода.

  • Остров Закинтос

На трето место го ставивме островот Закинтос. Познат по кристално чистата вода и долгите песочни плажи, овој мал остров ќе ви понуди одмор од бајките. Со вкусната грчка храна и преубавите мали села ќе се почувствувате како да сте многу далеко од секојдневието, а доколку сте љубители пак на танците, тогаш оваа дестинација е вистинското место за одмор. Ако со вас владее авамтуристичкиот дух и сакате да искусите несекојдневно уживање кое се памети цел живот, тогаш побарајте здружение за нуркање и уживајте во магичниот свет кој се крие во морските длабочини.

 

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?