ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.08.2021
Магичен спој на историјата и уметноста на „Македониум“ (видео)

Симболот на македонската борба, крушевскиот Македониум, за време на културната манифестација „Десет дена Крушевска Република“ доби и дополнителна , уметничка димензија. Благодарение на перформансот кој го изведоа студенти од Технолошко техничкиот факултет, Ликовнта академија и Катедрата за архитектура и дизајн на УГД, Македониумот блеса во едно ново, магично и уметничко светло.Спојот на историјата и современите дизајни даде спектакуларна и магична нота, а на посетителите им понуди несекојдневно сценско и видео доживување. моден перформанс, изложба на модни фотографии, цртежи…а сето тоа истовремено презентирано на видео бим лоциран веднаш до модната писта, на кој беше прикажано и видеото „Пандемизам“, мотивирано од пандемијата со која живееме речиси две години.

Креативноста која доминираше во самиот перформанс е дело на студентите на УГД, менторирани од професорите доц. д-р Сања Ристески од ТТФ,  проф. м-р Јана Јакимовска и проф. д-р Катерина Деспот од Ликовната академија и проф. д-р Васка Сандева од Катедрата за архитектура и дизајн.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?