
Изборот на студии, на факултет, е една од најважните животни одлуки, за која треба да се одвои доволно време и добро да се истражат сите опции. При изборот, најважно е да посветите внимание на сопствените желби, интереси, но и можностите за вработување. Затоа, без разлика дали сте потенцијален студент кој се соочува со оваа предизвикувачка одлука или родител кој бара дополнителни информации, ви нудиме совети за тоа на што треба да обрнете внимание пред да ја донесете оваа важна одлука.
Избегнувајте грешки за почетници
За да донесете правилна одлука, важно е да ги отстраните погрешните причини за избор на факултет уште на почетокот, бидејќи тоа на крајот може да резултира со избор што можеби подоцна нема да ви се допадне. Идните студенти честопати донесуваат избрзана одлука, водејќи се од тоа што студирале нивните пријатели, без да размислуваат дали и тие можат да се реализираат себе си и да постигнат нешто во таа област, и дали токму таму се гледаат себеси во иднина. Тие понекогаш се запишуваат на факултет затоа што факултетот е близу до нивното место на живеење, така што не мора премногу или воопшто да патуваат, или затоа што слушнале од познаници дека студирањето на тој факултет е многу лесно. И двете овие причини се погрешни ако се водите исклучиво од нив, и најважно е вашата основна причина за запишување на некој факултет е да се гледате и препознавате себеси во таа област и да знаете дека во неа можете да го реализирате својот целосен потенцијал.
Следете ги вашите интереси и желби
Можеби клучно при изборот на студии е да се запрашате што навистина ви се допаѓа, што ве интересира и за што сакате да знаете повеќе. Ако се водите од ова, сосема е сигурно дека ќе изберете студиска програма во која ќе уживате и каде нема да се мачите со учење бидејќи ќе бидете доволно љубопитни и мотивирани.
Препорачливо е да се консултирате и со другите, но притоа ви никој случај не заборавајте дека конечната одлука зависи од вас. Размислете за тоа во што сте добри, кои се вашите таленти или хоби и сето тоа оставете го на хартија. Кога ќе сфатите за што сте добри и во кои занимања би се чувствувале добро и убаво, веќе сте направиле голем чекор кон вистинска одлука.
Можности за вработување и времетраење на студиите
Кога донесувате одлука, посветете внимание на времетраењето на студиите. Можно е да се вработите на Со некои факултети можете да се вработите дури и по завршувањето на стручните и додипломски студии, ако вашата цел е да започнете со работа што е можно поскоро. Интегрираните студии обично траат вкупно 4 – 5 години, а некои, како што е медицината, траат 6 години, па затоа е важно да ги споредите овие информации со вашите сопствени желби и очекувања. Размислете и кои се можностите за вработување во посакуваната професија.Важно е да откриете каде би можеле да се вработите со одредена професија, и пожелно е да најдете луѓе кои се занимаваат со оваа професија меѓу познаници и пријатели и да дознаете некои информации што ве интересираат.
Обрнете внимание и на локацијата
Ако студирате надвор од вашето место на живеење, важно е прво да истражите каква е понудата за сместување за студентите во одреден град и дали има поголем избор на работни места за студенти. Некои градови ги поддржуваат студентите со различни придобивки за да им го направат животот полесен и поубав.
Примена на технолошките достигнувања(електронско студирање, плаќање…)
Во време на огромни технолошки можности, важен момент при изборот на студиска програма или факултет е колку на тој факултет се применуваат технолошките иновации, колку студирањето е во тек со брзата дигитализација, од аспект на олеснување на студирањето. Тука секако треба да проверите колку ќе имате можност дел од обврските да ги завршувате од дома, од вашите мобилни уреди (електронско плаќање, електронско пријавување на испити, запишување и заверка на семестри….)
Можности за меѓународна размена на студенти
Нивото на воспоставена меѓународна соработка на факултетот на кој ќе се запишете е важно при изборот на студиска програма на која ќе за запишете, бидејќи важно е дали ќе имате можности при студирањето да поминете семестар или повеќе на некој европски или светски универзитет. Тоа е значаен дел од студирањето и можност да се види како се студира на реномирани универзитети, и меѓународната соработка на факултетот/универзитетот на кој би се запишале е битен сегмент при донесувањето на важната одлука за запишување.
Можности за слободни(спортски, културни…) активности во рамките на факултетот/универзитетот
Најголем дел од младите имаат некое свое хоби, а голем е делот и на оние кои активно спортуваат, и не е неважно дали за време на студирањето ќе имаат услови да продолжат со спортувањето. Затоа проверете дали факултетот/универзитетот на кој сакате да се запишете има такви можности, дали има свои спортски екипи, дали има спортски објекти во кои ќе можете да ги реализирате и своите спортски афинитети. Покрај спортските, секако тука се и другите активности, меѓу нив и можноста да пишувате за весник, да реализирате свои емисии на студентски медиуми, а тоа веќе го нудат дел од универзитетите, преку посебни центри во состав на институцијата.
И на крај, секако не е на одмет, да проверите како високообразовната институција на која сакате да се запишете котира на рангирањата на универзитети, кои ја даваат сликата на институцијата според критериуми кои секако се важни за вашето студирање, а тие податоци лесно можете да ги најдете со најединставно пребарување на рангирањата.
Со среќа, идни академски граѓани!