Според Институтот за статистика на УНЕСКО во последното истражување од 2019 г. Македонија брои 52,3% жени истражувачки со што е на првото место во Европа. Ова е значителен напредок од 2017 г. каде Македонија била на шесто место со 49,1%. Најмногу истражувачи има во секторот на природните науки со 28,12%, потоа инженеринг и технологии со 23,81%, медицински науки со 16,52% и социјалните науки застапени со 16,72%
Но, сепак според податоците на UIS, помалку од 30% од светските истражувачки се жени. Податоците на UIS, исто така покажуваат дека областите на истражување на жените се најмногу застапени во јавниот, приватниот или академскиот сектор. Но, мал процент од нив работат во СТЕМ секторот. Па така UIS се труди да ги идентификува факторите што ги одвраќаат жените да продолжат со кариерата во науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ). Наjголемиот предизвик коj влијаe врз кариерата на жените во СТЕМ е балансот помеѓу создавањето семејна и работна средина.
Според анкетата и истражувањето на двигателите и пречките за кариера во науката и инженерството, резултатите покажуваат до кој степен семејните одлуки, финансиските размислувања, културите на работното место и дискриминацијата можат да влијаат врз градењето кариера во СТЕМ полињата.
Овде постои и проблемот со бројните студии кои покажаа дека жените од областа на СТЕМ објавуваат помалку, се плаќаат помалку за нивното истражување и не напредуваат толку колку што мажите во кариерата. Сепак, има многу малку податоци на меѓународно ниво, па дури и на ниво на земја што го покажуваат степенот на овие нееднаквости.
Во секој случај, високите проценти од последните истражувања докажуваат дека жените сѐ повеќе се одлучуваат да градат кариера во СТЕМ секторот и успеваат да ги надминат сите пречки и стереотипи, менаџирајќи ги кариерата и семејството истовремено.