Зголеменитe високи температури секогаш не асоцираат колку лежалките на
плажа покрај море се добра идеја како да се побегне од секојдневието. Покрај
тоа што морето дава чувство на одмор и задоволство, ќе ви откриеме уште 5
причини зошто морето е добро за сите нас.
Климата
Постои гранка во медицината која ги проучува ефектите на различните
клими врз луѓето и според истражување направено во Милано, морската
клима е добра за респираторниот тракт, но и помага во процесот на
опоравување од депресија или аксиозност.
Брановите
Секој звук кој го дава морето е терапевтски. Според William Dorfman,
професор по психологија, звукот од брановите го релаксира мозокот и го
стимулира производството на сератонин – хормонот за среќа.
Песокот
Одејќи боси по песокот правиме услуга на целото тело. Стапалата имаат
нервни завршетоци и затоа долгите прошетки по песокот боси имаат
корисен ефект како за нозете, така и за целото тело.
Сончањето
Иако сите знаеме дека долгата изложеност на сонцето не е препорачлива,
сепак студиите покажуваат дека доколку сте заштитени со заштитен фактор
сончевата светлина е добра, бидејќи го збогатува телото со Д витамин.
Морската вода
Капењето во море ни носи многу бенефиции. Покрај солта која ја содржи,
морската вода помага за лекување на кожни болести и ги филтрира
внатрешните органи, како што се црниот дроб и бубрезите.
Можеби ќе ве интересира