ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.09.2021
Сведоштва на млади нарко зависници

Живееме во време и во општество каде што за жал има голема употреба на наркотици. Просечната возраст за започнување со употреба на недозволени супстанции е помеѓу 13 и 14 години, во седмо или осмо одделение, пред да се влезе во средното образование.

Ова е страшна реалност и тешко е да се поверува дека нашата младина развива опасни навики за зависност во толку рана возраст.

Контактиравме со млади зависници кои се познати на редакцијата, но бараа да останат анонимни.

“Бев само 14 години и бев љубопитен. Всушност никој од моите другари не користеше дрога, читав на интернет за тоа. Се заинтересирав и решив да пробам. Не беше тешко да се дојди до некој што нуди дрога. Сега сум 20 години и сеуште конзумирам тешки субстанци. Најчесто консумирам марихуана и екстази, спид немам пробано. За жал имам проблеми со полицијата. Службено лице просведочи како конзумирам марихуана. Би сакал да си го вратам животот назад, но за жал нема назад. Секој ден сум приморан да се соочувам со ова што сум, не сакам да побарам помош, страв ми е дека ќе ме осудуваат. Секоја шанса за да се откажам ми пропадна. Не планирам да се откажам“ ,вели нашиот соговорник.

Младите посегнуваат по дрога од различни причини. Најчесто се обидуваат да се вклопат, да се чувствуваат подобро, експериментираат или пак бараат внимание.

“Многу од моите врсници тоа го правеа, јас бев 16 години. Бев многу депресивен и верував дека дрогата ќе ми помогне да се справам со се што ме мачи. Повозрасни другари ми понудија и јас прифатив. Се каам сеуште за таа одлука. Активно консумирав дури и 5 пати неделно. Почнав да станувам свесен за негативните ефекти. Не можев да функционирам нормално, затоа решив дека најдобро е да се откажам иако беше тешко. Неделно трошев 1000 денари само за марихуана, 1500 за екстази, спидот ми беше бесплатен бидејќи го препродавав. Локалните дилери ми се закануваа. Почнав да ги губам другарите и битните личности во мојот живот, врските ми пропаѓаа. Професорите забележуваа промени кај мене и ја губеа почитта кон мене. Од одличен ученик станав ученик со намалено поведение. Многу пати се обидов да се откажам но секогаш се враќав назад. Тогашната девојка ми понуди помош и ја прифатив. Кризите ги преживував тешко но имав некој покрај мене. Сега сум чист веќе 3 години и се гордеам со себе” ,вели соговрникот.

Дрогата создава физичка и психичка зависност. Нашата држава има рехабилитациони центри кои помагаат во откажување на дрогата. Исто така има многу програми кои помагаат во тоа. Една од нив е НАКРОНОН.

https://www.narconon-balkan.org/get-help/now.html

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите