ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.08.2021
Снеже Велков: Веганство – само дисциплината ќе ве однесе до целта

Во последните години можеме да забележиме дека веганството како начин на живот е сѐ позастапено. Запознаени сме дека многу од познатите личности и спортисти се одлучуваат на ваква промена од етички и здравствени причини. Но, има многу и од нашите познаници кои решиле да го практикуваат овој стил на живеење. Па се запрашуваме, кои се бенефитите и зошто веганството е сѐ повеќе практикувано на глобално ниво.

 

За оваа тема, имавме можност да ја прашаме Снеже Велков која веќе 16 години го практикува веганскиот стил на исхрана како и секојдневното вежбање и имањето физичка активност.

Таа пред сѐ сакаше да напомене дека станала веган од здравствени причини, а и донела мнгу позитивни ефекти.

“Мојата одлука да станам веган е исклучително од здравствени причини, односно после откривањето на алергиите и интолератноста на храна од животинско потекло.Тоа се случи во 2005 година, што значи дека веќе 16 години сум веган.

Но, не сум од оние кои го наметнуваат и фанатично го промовираат овој стил на живот и исхрана, сѐ што правам е да покажам дека иако си веган можеш да функционираш и да се храниш нормално

Инаку  да,преоѓањето на овој вид на исхрана кај мене секако имаше позитивен ефект на здравствен план бидејќи веднаш ми сe намалија отоците како и нагоните за повраќање кои ги имав а беа предизвикани токму од алергиските реакции на млеко и месо.Секако тоа влијаеше позитивно и на мојата психо-физичка состојба-добив повеќе енергија побрз чекор полесна мисла и подобро расположение.”

Но, дали промената е лесна и каква храна може да се конзумира?

“Промената беше тешка напорна, напати и болна и мачна. Знаете пред 16 години воопшто немаше избор за никаква замена за ништо.Ниту за млеко ниту за сирење да не зборувам за некаква замена на месо од растително потекло.И тогаш бев сведена само на ориз компир овошје и зеленчук…Тешко беше да се прифати дека нема да каснам кашкавалче или млеко или чоколадо… Но, прифаќањето на проблемот како предизвик со кој ќе морам да се борам цел живот ми отвори нови видици за поинаков и позабавен начин на исхрана.Па така си смислував и откривав нови рецепти чудни комбинации и забавни јадења.Така компирот стана торта а леблебијата бајадера! Па добив карамела од урми и сладолед само од замрзната банана! А плескавица од грав и кебапче од леќа-фантастично! Всушност пресуден беше моментот кога одлучив дека проблемот ми станува предизвик и тогаш се стана полесно!” вели Снеже.

Менувањето на начинот на исхрана е голема промена што може да афектира различни делови од нашиот живот особено активниот дел.

“Добив повеќе енергија и полесно функционирав. Но, од друга страна изградбата на мускулите одеше потешко зарадаи недостаток на протеини и есенцијални амино киселиини..кои до скоро ги правеа само од животинско потекло…Сега веќе е друга приказната. Сѐ  што има “нормално“ има и веганска варијанта…Разликата е прво во стомачните мускули.Стомакот престана да ми се дуе и имаше шанси да се видат стомачните. Спортски сум активна секојдневно, имам енергија, имам желба и кондиција и мојот активен спортски живот не се разликува воопшто од спортистите рекреативци кои не се вегани.”

Потоа Снеже ни објасна како се справувала со бременоста.

“Митот околу тоа дека мајка треба да јаде и млеко и јајца и месо па дури да јаде и за двајца за да ја одржи бременоста беше навистина доминантен во тој период кога ја имав првата бременост пред 15 години и прашањето беше како ке ја одржам бременоста и како ќе расте бебето …Но, докторот гинеколог ми рече воопшто да не ме загрижува тоа и дека мојот организам се храни со храна која е здрава за него и која ќе биде во ред и за бебето и за мене..Потоа исто беше и со доењето кога без конзумација на млеко доев до две години односно со вториот син година ипол..И сѐ си функционираше и нормално, и доволно хранливно и за мене и за бебињата.. Но, пак ќе повторам ова е мојот случај и зборувам за мојот организам, но ниту насочувам ниту тврдам дека може да функционира за други организми.”

Дали локалите и маркетите имаат обезбедено доволно вегански и cruelty-free производи?

“Последниве две години понудата се подобрува, но сѐ уште фалат голем дел од производите и она што морам да кажам е дека мора да се направи подобра контрола на производите бидејќи одреден дел се поропагираат како вегански, а во суштина содржат траги на млеко јајца глутен и сл…Па на пример јас која сум хиперсензитивна на овие состојки имам бурни алергиски реакции на истите Исто проблем е што веганската се поистветува со здрава храна што е сосема погрешен!Веганска е секоја храна која нема животински состојки во неа, но тоа никако не значи дека секоја таква храна е здрава. Пр. Оние житни плочки кои се промовираат како здрава храна тоа е страшен склоп на шеќери, козерванси, ароми и појачувачи на вкус, и иако имаат здрави елемнти во себе целосниот склоп нема ништо здраво и никако не ги препорачувам. Од друга страна ќе ја наведам цената на веганските производи која во нашата земја е превисока за разлика од други земји каде веганството како начин на исхрана постои многу одамна.Така ако некој сака да се храни вегански а да ги користи сите замени за нормалната храна ќе треба да издвои поприлична сума на пари.Тука зборувам за замена за млеко, месо, намази, безглутенски лебови и сл.”

Потоа Снеже даде неколку совети за веганите почетници.

“Испробувајте, истражувајте, проверете, не се потпирајте на туѓите искуства.Земете ги предвид, но секогаш најдете го она кое вам ви одговара и бидете дисциплинирани во одлуката.Желбата ќе ве натера да почнете но само дисциплината ќе ве донесе до целта! Стојам на располагање да споделам искуства,да дадам поддршка и некоја насока ако некому му е потребна, но сепак доколку станува збор за некаква драстична промена препорачувам да се послушаат совети од експерти доктори нутриционисти и сл, како што впрочем направив и јас.”

Инспирирани од посветеноста и детерминацијата на Снеже и слушајќи за бенефитите, Гоце би сакал да ги повика сите оние кои размислуваат или пак сакат една поздрава промена во нивниот живот на еден challenge каде 2 недели ќе се обидат да практикуваат веганска исхрана и вклучување на било каква физичка активнодт во секојдневната рутина. Со лесно!

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?