ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.08.2021
Стипендии за постдипломски и докторски студии

Министерството за образование и наука објави дека донеле одлука да се доделуваат стипендии за студенти на магистерски и докторски студии. За докторанди стипендии досега не се доделуваа, ова е прва ваква можност.

Конкурсот за студентите од втор циклус на студии може да се најде на следниот линк.

Согласно направената измена на програмата за научно – истражувачка дејност на МОН, воведени се 15 стипендии за студии од трет циклус во земјата, со месечна стипендија од 18.000 денари за дванаесет месеци во годината.

МОН ги охрабрува заинтересираните кандидати да ги разгледаат условите и да аплицираат доколку истите ги исполнуваат. Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото.

Кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Конкурсот за студентите од трет циклус студии може да се најде на следниот линк.

Поддршка при аплицирањето обезбедува Секторот за наука и иновации. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор се наведени на следниот линк.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?