ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.01.2022
Ѓоковиќ пак во притвор – мислењата поделени
Автор: Goce Author

За судбината на Ѓоковиќ ќе се решава вечерва, а дотогаш тенисерот ќе биде во притвор во имиграциониот хотел „Парк“.

Адвокатите искажале мислење дека ова е „нерационално“ размислување од страна на тамошната влада со тоа што му ја укинале визата за престој.

Тенисерот се’ уште не е избришан од листата за учество, па доколку се пресуди во негова полза ќе игра на натпреварот. Во спротивно му се заканува депортирање и забрана за влез во државата 3 години.


Новак Ѓоковиќ имал позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а на 17-ти постирал на Инстаграм промоција на поштенска марка


Шпанецот Надал неколку пати се појавил со критики кон тенисерот, а и овој пат не останал рамнодушен. Изјавил дека Австралија Опен ќе биде одличен гренслем и без него и иако го почитува, сепак не се согласува со неговите постапки.

Наспроти него британскиот тенисер Грег Руседски изјавил дека ова што му се случува на Новак не е во ред и дека бара објаснување како власта му дала виза за да пристигне, па сега не ја признава.

Во меѓувреме, лавината од коментари и мислења на социјалните мрежи никако не запира. На Твитер е објавена карикатура каде што тенисерот гори во контињер, што предизвика многу лути реакции кај неговите фанови.

Вечерва во 23:30 часот ќе започне судењето, а во утринските часови се очекува да се знае пресудата дали тенисерот ќе учествува.

Дали теретаните се добри за младите?
Драган Дончески од случаен пикник до Извидник на годината за 2024