ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.01.2022
Јавна дискусија – ЗА и ПРОТИВ носење маски и тестирања во училиштата
Автор: Goce Editor

Веќе две години живееме на посебен начин со други правила, други регулативи, но колку и дали се тие правилни или не, какво влијание имаат особено кај децата? Јавноста најчесто е поларизирана околу прашањата поврзани со Ковид мерките, простор за дијалог речиси нема и лесно се заборава дека барем околу децата би требало повеќе да се слушаат различни ставови за да наоѓаме издржани заеднички решенија.

Поради овие и други важни прашања поврзани со децата Првата детска амбасада во светот Меѓаши ве поканува на јавна дискусија на тема: НАЈДОБАР ИНТЕРЕС ЗА ДЕЦАТА- ЗА И ПРОТИВ НОСЕЊЕ МАСКИ И ТЕСТИРАЊА ВО УЧИЛИШТАТА.

Сите заинтересирани ќе може истата да ја следат live streaming на ФБ-страницата на Детската амбасада МЕЃАШИ https://www.facebook.com/detskaambasadamegjashi  и да поставуваат прашања кои потоа ќе се проследуваат до докторите.

Фото: Меѓаши

Агенда:

18:00 – 18:05 Добредојде и најава на учесниците Катерина Златановска Попова – членка на Собранието на Детската амбасада МЕЃАШИ, модераторка на дискусијата

18:05 – 18:10 Вовед во Јавната дискусија м-р Драги Змијанац – претседател и коосновач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ

18:10 – 18:15 д-р Мими Кимовска Христов – специјалист по педијатрија при Детската клиника во Скопје

18.15 – 18.20 д-р Злате Мехмедовиќ – специјалист по медицина на трудот при Здравствен дом Скопје

18.20 – 18.25 д-р Бесник Зеќири – директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“

18:25 – 18:30 проф. д-р Никола Пановски – професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

18:30 – 18:35 Ана Попризова – училишен психолог и претседателка на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје

18:35 – 19:30 Дискусија, прашања и одговори

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?