ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.01.2023
Ќе има инспекција за македонски јазик?
Автор: Goce Author

Јавна расправа за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик се одржа на 26 јануари во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.

Проф. д-р. Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, во своето излагање ги нагласи причините за изработката на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик.

Бандиловска истакна дека во практиката сѐ повеќе се забележува  непочитувањето  на  законските  мерки  и  негрижата  за  македонскиот  јазик  во  различни  сегменти  и  на  различни  нивоа  од  општествениот  живот.

Даскалот: Како да напишете добар есеј?

Таа информираше за неколку новини во Предлог-законот, меѓу кои е и формирање на Инспекторат за македонски јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба на македонскиот јазик.

Извор: Википедија

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, потсети дека во изминатиот период, се работело на усовршување на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако процесот беше запрен во 2020 година, по Јавната дебата на која пристигнаа голем број забелешки кои темелно беа разгледани и вметнати во оваа верзија на Предлог-законот.

„Јазикот е нашиот темел, израз на нашиот идентитет. Затоа, секој стручен влог во донесување на правната рамка за негова употреба, чување на неговите посебности е драгоцен придонес за нас самите и за нашата државност“, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Ќе се изработува и Национална стратегија за македонскиот јазик, за што ќе биде вклучен Советот за македонски јазик и значајни високообразовни институции.

Министерството за образование и наука, во текот на академската година, ќе објавува конкурс за стипендирање студенти за изучување на македонскиот јазик во сите три циклуси на високото образование.

Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик го изготвија Министерството за култура и Советот за македонски јазик.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?