
Одлуката за недела да биде неработен ден можно е да падне на Уставен суд. Уставните судии веќе оформија предмет, но денес ја одложија расправата по двете иницијативи на Стопанската комора на Македонија. Инаку комората ги оспори измените во двата закони со кои се регулира недела неработен ден. Од комората сметаат дека овие одлуки се противуставни – ги кршат уставните начела на слобода на пазарот, владеењето на правото и начелото за еднаквост.

Претседателот на Уставен суд и советници – ustavensud.mk
Нема информација кога пак уставните судии ќе расправаат по иницијативите на Комората, но нивната одлука ја чекаат и синдикалците и бизнисот.
Синдикатот веднаш се е закани со протести доколку недела неработен ден падне на Уставен суд. А денеска пак со рекација- го повикаа Уставниот суд веднаш да ја отфрли иницијативата на Стопанската комора која според нив е спротивна на Уставот. Владата најави дека одлуката е на уставните судии каква и да е тие ќе мора да ја почитуваат.
Инаку одлуката за недела неработен ден веќе е на сила и најголем дел од бизнисите во Македонија не работат веќе извесно време.