ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.03.2023
Ќе се прифатат барањата за државната матура што имаат законска основа, вели министерот Јетон Шаќири
Автор: Goce Author

Министерот за образование Јетон Шаќири денеска рече дека ќе прифатат сè од барањата на средношколците поврзани со државната матура, доколку тие имаат законска основа.

Јетон Шакири – Министер за образование и наука

„Денес имав состанок со директорката на Државен испитен центар. Ние како МОН, како институција, ќе ги поддржиме сите законски основни што произлегуваат од барањата на учениците во делот на материјалот. Она што е со законски основ, што може да се прифати – ќе се прифати. Сè друго што не може да се прифати, што треба законски измени – не може да го разгледаме во овој период“, рече Шаќири пред новинарите.

Тој посочи дека Сојузот за средношколци и другата група од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС), кои протестираа во петокот и побараа кратење на материјалот – имаат различен вид барања за матурата.

„Мислам дека до крајот на неделата и почетокот на другата недела, ние ќе имаме конкретен одговор“, посочи Шаќири.

Редовно е во комуникација со двете групи на средношколците, тврди тој, а Сојузот на средношколци во изминатата година е во комуникација и со Државниот испитен центар (ДИЦ).

„Тие се известени за сите делови што треба да се реализираат во испитите или државната матура“, рече министерот.

Од Државниот испитен центар за Радио МОФ посочуваат дека државната матура се реализира согласно Правилник за полагањеКонцепцијата за државна матура, училишна матура и завршен испит во јавното средно образование, што ги носи министерот за образование и наука.

„Напоменуваме дека испитните комисии кои го изготвуваат испитниот материјал за екстерните предмети во рамките на државната матура ги имаат во предвид случувањата во училиштата во изминатиот период.  Датумите за реализација на испитите од државната матура се пропишани во Календарот за организација на учебната 2022/2023 година во јавните средни училишта, кој е во надлежност на МОН“, велат од ДИЦ за Радио МОФ.

Екстерните предмети од државната матура годинава првично се предвидени да се полагаат на 27 мај и на 10 јуни, а потоа и интерните предмети.

Јазикот не поврзаува со светот
Реформа во Агенцијата за квалитет во високо образование