
Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 препорачува кратење на периодот на изолација од десет на седум дена. За конечна одлука треба да се произнесе Владата соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Фото: Влада РСМ
Главниот координативен кризен синоќа штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.
Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.
Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница.