
Пописот на населението во Македонија беше операција која сите ја очекуваа долги години. Конечно во текот на 2021 година се изврши и изненадувачки мал број на население се попишаа.
Попишани беа вкупно 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови.
Кога заврши пописот беше најавено дека ќе се покренат постапки за оние кои одбиле да се попишат, и дека за тоа има искази кај попишувачите, но речиси три месеци подоцна нема ништо од тоа.

Во дијаспората биле попишани 204.805 граѓани на Северна Македонија, пред сѐ во земјите од Западна Европа.
Првичните најави на Заводот за статистика беа дека во јануари 2022 година ќе стигнат резултатите, но последните информации од директорот на Државниот завод за статистика се дека тоа ќе се случи најдоцна во март 2022.