ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.01.2022
Ѓоковиќ нема да покрене тужба против Австралија Опен
Автор: Goce Author

Директорот на Австралија ОПЕН Крег Тејли, говорејќи за ситуацијата со Новак Ѓоковиќ посочи дека тенисерот број еден нема да покрене тужба против нив. Тој ја уверува јавноста дека Ѓоковиќ ќе игра на турнирот следната година.

Директорот на Австралија Опен беше доста актуелен изминатиот период, токму поради случајот со најдобриот тенисер на светот. Иако Ѓоковиќ доби одобрение да игра токму од Австралија Опен, сепак на крајот судот ја поништи неговата виза.

Фото: Инстаграм

„Очекувам Ѓоковиќ да се врати следната година. Очигледно е дека требаше да игра и оваа година, а тоа ќе му биде намера и следната година. На крајот на краиштата тој е рекет број еден и сака да игра на турнирот“, изјви Тејли во интервју за АБЦ.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ не употребува парфеми – објасни зошто

Тој тврди дека Новак нема да го тужи Австралија Опен. Во јавноста се говори дека сепак има шанси тенисерот да ја тужи владата на Австралија.

„Нас нема да не тужи. Мислам дека ќе се пишуваат многу извештаи за тоа, но моментално сме фокусирани на организацијата на турнирот“, додава Тејли.

Медиумите пренесуваат дека Тејли одбил да открива повеќе детали за целиот случај.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски