ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.07.2022
„Ја сакам Плачковица“ од 8-10 јули, најави ДПС Лисец

„Ја сакам Плачковица“ 2022 започнува во петок, 8 јули и ќе трае до недела, 10 јули. Ова на прес конференција го најави ДПС Лисец, организатор на оваа летна манифестација.

„Ја сакам Плачковица“ всушност е надоградување на долгогодишната традиција на настап на Рок бендови на Планинарскиот дом Вртешка на Плачковица. Богатата програма која годинава уште повеќе ги надминува рамките на традиционалната музичка програма покажува дека и во иднина манифестацијата ќе расте.

Од музичките содржини, главните адути се „Некст Тајм“, кои настапуваат во сабота (9 јули) навечер), и Зарина Првасевда, на последниот ден, недела (10 јули) навечер. Ќе настапат и Hotline, Кентаур, DJ Buzz.

Организаторите на „Ја сакам Плачковица“ најавија и други содржини – искачување на врвот Лисец, МТБ велосипедска тура, Плачковица Треил од Вртешка до Туртел и Црквиште. Годоинава за првпат ќе биде организирана и детска трка.

Фестивал „Ја сакам Плачковица“ почнува овој викенд

Во видеото можете да ги видите информациите за сите содржини. Поради најавените лоши временски услови за петок и сабота, организаторите најавија и одредени промени во термините. За промените следете ги објавите на фејсбук профилот на ДПС Лисец. Досега има промени во настапите на Hot Line ( поместен од петок во недела) , а искачувањето на Лисец и посетата на пештерата Ќуп за понеделник.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026