ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.11.2026
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026
Автор: Goce Author

МАКФЕСТ 2026 го заокружи своето 41. издание со две фестивалски вечери и 27 нови композиции. Штип викендов повторно беше центар на македонската забавна музика, обединувајќи млади музички имиња и веќе афирмирани изведувачи на сцената на ,,Макфест”. Со две фестивалски вечери одржани на 30 и 31 октомври во Домот на културата ,,Ацо Шопов” во Штип заврши 41 издание на забавни мелодии на ,,Макфест”. Годинашнава програма донесе вкупно 27 нови композиции. Главни водители на двете вечери беа Марјана Станојковска и Димитар Атанасов кој ја отворија манифестацијата со свој настап. Првата фестивалска вечер беше посветена на нови музички имиња, при што 15 изведувачи ги претставија своите музички проекти како дебитанти на ,,Макфест “.

Ревијалната програма на првата вечер ја збогати Антониа Гиговска со испеани стари макфестовски победнички хитови.
А, имаше и дел посветен на Владо Јаневски. Втората вечер понуди 18 нови композиции, како и 6 композиции пласирани од првата макфестовска вечер. На сцената настапија и добро познати музички имиња како Јован Јованов, Елвир Мекиќ, Тони Зен, Викторија Лова, Наташа Малинкова, Врчак, Ристо Самарџиев и други. Особен емотивен момент беше и обраќањето на Слаткар, посветено за лицата што пелтечат и неговата приказна.

Во рамските на фестивалот беше доделено признание за најслушана песна од фестивал до фестивал, кое и беше доделено на Лара Иванова со ,,Доминантен”.Фестивалот останува значаен дел од културата на Штип и Македонија. Како и препознатлива манифестација за афирмација на македонската музика.

Гоце.мк и нашата репортерка Росица Карашова беа зад сцената на фестивалот. Проследете го видеото во продолжение:

Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)
(Видео) Штип има 50 казина, а ниту еден театар за деца и младинци