Денеска ќе се запознаеме со Јани Иванов од Неготино, момче кое е трета година во средно училиште и сака да ја истражува Македонија со возење велосипед.

За себе вели дека љубовта за возањето ја има уште како од мал, а последните три години активно се занимава со овој спорт. Покрај тоа што е дел од клубот на велосипедисти, Јани учествува и во КУД „Ацо Џорчев“ кое е играорно друштво во Неготино, а посетува и кик бокс.
- „Најчесто добивам комплименти во кои моите блиски се чудат како сум успеал да извозам толку километри. Јас пак уживам во тоа и во полнењето на албумот со слики од поминатите дестинации.“, вели Јани.
Христијан од Штип е еден од ретките кој го пробал искуството на Ајахуаска – она што го доживеал го променило засекогаш
Најдолгата а воедно и највозбудлива авантура била возењето на 160км во еден ден до Прилеп и назад.
- „Тргнавме во 01:30 по полноќ со другарите. Во улиците владееше тишина. Веќе пред прилепските села не’ раздени и не можам да ви опишам колку беше убав погледот. Направивме пауза кај Планинскиот дом „Дервен“ и неколку слики за спомен.
- Продолживме со возење и стигнавме до конечната дестинација – Прилеп. Се предизвикавме самите себеси да го искачиме Плетвар и секако, малку тешко, ама успеавме. Стигнавме и до Mермерно езеро, па дојде моментот да се враќаме назад. Мојата прва голема авантура ја поминав изморено ама бев пресреќен и горд на самиот себе.“ , раскажува Јани.
Кај Македонски Брод има наоѓалиште за сол, Кратово лежи на злато, пештерата Врело е една од најдлабоките во светот – малку познати факти за Македонија
Без што не тргнува Јани да вози?
- „Без чоколадо или било што благо! Другарите секогаш ми велат дека обожавам да го полнам ранецот бидејќи секогаш носам облека, јадење, резервна гума…, се што може да собере.“, се смее Јани.
Секогаш прави план за својата нова авантура и сака да го истражи секое делче од Македонија. Го замоливме да ни раскаже некоја интересна случка.
- „Ух, тешко прашање. Секоја тура си има своја убавина и од секаде имам некои интересни спомени и случувања. Со велосипедизмот научив многу работи, а и уште учам. Се сеќавам еднаш дека со другарите возевме во некои села и не видовме дека всушност пред нас има канал, па завршивме во каналот со издупнати гуми.“

Најголем предизвик на Јани?
- „Сакам да отпатувам со велосипедот до Солун, па до Воден и потоа да се вратам во Неготино. Желбата ја добив благодарение на мој другар кој го има доживеано она ретко искуство, а воедно е и еден од „виновниците“ за мојата љубов кон велосипедизмот.“
Јани вели дека цената на велосипедот не е толку важна, колку што е важно неговото одржување. Сепак за возење на долга релација потребна е психичка и физичка спремност и секако, добар велосипед.
- „Доколку сте љубители на ноќното возење како мене, тогаш секако ви треба добар велосипед.“
Јани планира и во иднина да се занимава со велосипедизам бидејќи тоа е нешто во кое што ужива.

Можеби ќе ве интересира